Во сообраќајка во Велес загина 45 годишен маж

Од:

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10,00 часот на крстосница улица „АСНОМ“ – улица „Андон Шурков“ во близина на бензиската пумпа „Црна река“ во новиот дел на Велес, животот го загуби 45- годишниот С.А од Велес.

Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и патнички автомобил.

– Во моментов, надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес во содејство со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес врши увид на лице место, појасни Стојковска.

Од службата на Брза помош велат дека тие на повикот веднаш стигнале на лице место,а повредениот обилно крварел и се уште бил жив, но на пат кон болница лицето починало.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он