Во сообраќајка во Мокриево загина 23-годишно момче

Од:

Во центарот на струмичкото село Мокриево, вчера попладне во сообраќајна несреќа загина 23-годишно момче.

Според првичните информации, возачот на автомобилот излетал од патот и удрил во ограден ѕид од куќа, при што од силниот удар починал на самото место.

Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од СВР Струмица и се утврдуваат причините за несреќата.

Вечерва околу 20:30 часот се случи уште една сообраќајна незгода, за среќа без повредени. Имено, на кружниот тек кај Алфа банка во Струмица, автомобил со германски регистарски таблички удрил во велосипедист. Сообраќајот на булеварот Ленинова околу два часа беше во прекин.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он