Во сообраќајка тешко повредена 70-годишна жена, возачот избегал

Од:

Жена на возраст од 70 години со тешки телесни повреди била донесена на Комплексот клиники „Мајка Тереза. На полицијата и кажала дека била удрена од непознато возило кое го напуштило местото на насреќата.

-На 24.11.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена Е.С.(70) од Скопје. При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14.00 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски