Во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце десетина повредени лица

Од:

Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минити се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце на влезот во селото Слатино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации, при тоа десеттина повредени лица веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница каде им се укажала медицинска помош и се врши утврдување на видот и карактерот на повредите.

Во сообраќајката, за која причините се уште се непознати, учествувале автомобили „Мерцедес“ и „Фолксваген Пасат“, како и комби возило „Фолксваген“, сите со тетовски регистарски таблички и трактор без регистарски таблички.

Полицијата во моментот врши увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на причините како дошло до неа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он