Во сообраќајка на патот Прилеп-Ресен: Загина 24-годишен возач

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.

Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил „опел корса“ и товарно возило. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.

„Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот“, велат од ОЈО.

МВР извести пак дека денеска во 5.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за село Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу камион „сканиа“ со прилколка, управувано од Б.М.(44) и возило „опел корса“. При несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени