Во сообраќајка меѓу три возила повредени тројца малолетници, пешаци

Од:

Вчера вечер, во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Босна и Херцеговина“ и сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.Т. од Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Ј.Д. од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Ф.С. од Скопје, по што удриле во тројца пешаци, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градска општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он