Во сообраќајка кај Гостивар, еден тешко повреден

Од:

Четириесет и едногодишен скопјанец, утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар-Кичево, во близина на „Здуњски мост“. Во тек е увид, а сообраќајот на оваа релација во обата правци е во прекин речиси два часа.

Според првичните сознанија на СВР Тетово, во несреќата учествувале камион „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал Џ.К. (48) и „шкода-фелиција“ управувана од Ѓ.П. (41) од Скопје.

Во директниот судир, автомобилот бил многу оштетен, па повредениот бил изваден со интервенција на пожарникари. По укажаната медицинска помош во Гостиварската општа болница, како итен случај е пренесен на Скопските клиники. 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он