Во Собранието заврши расправата за предлогот Бислимовски да добие уште еден мандат на чело на РКЕ, ќе се гласа дополнително

Од:

Во попладневното продолжение на 120 седница пратениците ја завршија дебатата за Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, при што за прв човек на Комисијата е предложен актуелниот претседател Марко Бислимовски, а за членови Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

По оваа точка ќе се гласа дополнително.

Пратениците од опозицијата го повторија незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија. Кажаа дека правичната застапеност во Комисијата е нарушена бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вработувањата таму треба да бидат врз основа на Мерит системот.

Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во новиот Закон за енергетика се наведува дека функцијата претседател на РКЕ е независна и неспоива со други функции, тоа подразбира и дистанцирање од политички партии, но токму овој претседател не пропушта прилика да биде дел од енергетскиот тим на СДСМ, за што сведочи сликава од настаните на СДСМ.

Нејзиниот сопартиец Драган Ковачки рече дека човекот којшто е предложен за претседател на РКЕ ги зголеми инвестициските одржувања, односно средствата за инвестиционо одржувања, а реално, кажа тој нема потреба за тоа.

-Очигледно е дека тука се перат пари и очигледно е дека од тоа дебело профитира истиот тој претседател на таа Регулаторна комисија. Овој истиот претседател троши 83 евра за кафе дневно, додека гледате надвор од оваа Собрание луѓе патат за ленти за мерење за шеќер, патат за апарати за мерење на шеќер. Навистина разочаран сум доколку овие луѓе ги изгласате и ве повикувам да не ги гласате, смета Ковачки.

Лидија Тасевска од СДСМ кажа дека Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски и од СДСМ знае каде плови.

-Покажа првиот предизвик кој што во јануари 2022 година се соочи Владата, а тоа е дека Владата не дозволи скопјани, околу 55 илјади семејства во Скопје и многу институции сместени во Скопје да не останат без парно греење тогаш кога Балкан Енерџи Груп БЕГ – не беше во состојба да испорача парно греење за граѓаните, рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски