Во Собранието треба да се гласа за уставни судии и за законот за јазиците

Од:

Собранието денеска ќе ја одржи првата седница во новата година. На дневен ред е продолжението на 27-та пленарна седница на која на дневен ред се и изборот на уставни судии и предлог-законот за употреба на јазиците.

Засега е неизвесно дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучат во работата на Собранието, на чиј дневен ред денеска се и измените и дополнувања на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи и неколку други закони и одлуки.

Исто така, закажано е и продолжението на 26. седница, каде на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка.

На дневниот ред на 22. седница се реформските измени и дополнувања на Законот за заштита на сведоци и Предлог на закон за престанок на важењето на Законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдува на одговорност за судија, двата по скратена постапка. Закажани се и продолженија на 11-та, 13-та и 15-та седница.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on