Во Собранието седници на три комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани седници на Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените и дополнувањата на Законот за спорт, во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог законот за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Тутунскиот комбинат Прилеп, како и за измените на Законот за јавни набавки, двата во прво читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат измените на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоци и Предлог законот за правда на децата, како и Предлог законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on