Во Собранието продолжува дебатата за импичмент на Иванов

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата во врска со предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.

Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна вчера, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.

Рената Тренеска-Десковска од СДСМ образложувајќи го Предлогот рече дека основна причина за поднесувањето на иницијативата е отсуство на секаква одговорност и арбитрарното однесување на актуелната власт.

Со повлекувањето на дадените аболиции Иванов, како што рече, признал дека згреши и оти неговите мотиви биле теснопартиски, а не државнички. Според Тренеска-Десковска, постапката за импичмент е всушност враќање на принципите на одговорност, правда и еднаквост.

Претседателот на собраниската Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Зоран Илиоски рече дека Предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата не е основан.

– Претседателот на РМ Ѓорге Иванов во вршењето на своите права и должности не го прекршил Уставот и законите на РМ, посочи тој. Илиоски рече дека Уставот не е прекршен бидејќи во член 84 го утврдува правото на претседателот на Републиката да дава помилување во согласност со Законот.

Според бројот на пријавени пратеници, се очекува дебатата да трае неколку дена. За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање