Во Собранието пленарна седница и три комисии

Од:

Собранието денеска треба да ја продолжи 45-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог законски решенија, барања за автентичко толкување и годишни извештаи за работата на повеќе државни иниституции и тела.

Пред пратениците во прво читање е Предлог Законот за медијација, со европско знаменце, а ќе треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и на Законот за животната средина, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2020 година.

Во Собранието денеска се закажани и седници на три комисии. Седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог-измените на Законот за трговски друштва, Предлог – измените на Законот за метрологијата, Предлогот за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, сите во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе одржи три последователни седници, на чиј дневен ред, меѓу другото се, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци, двата по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он