Во Собранието јавна дискусија за уставните амандмани

Од:

Јавна дискусија за уставните амандмани ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.

Досега се одржаа неколку јавни расправи за нацрт-амандманите, чиј предлагач е Владата на Република Македонија.

Пред повтпрно да бидат вратени во Собранието како предлог-амандамни на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи.

За секој предлог – амандман Собранието на седница треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство.

Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври.
Дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг, промена на називот на Народната банка на Република Македонија, воведување на институтот Уставна жалба, промена на составот на Судскиот совет, промена на надлежноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител од страна на Уставниот суд, создавање на Уставна можност за формирање на финансиска зона, пристапување кон измени на Уставот, со цел дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија, се предлозите за уставни измени.

Последните измени на Уставот беа донесени на 12 април 2011 година.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата