(ВИДЕО) Во Собрание се дискутира за нуждата на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ: Ова е насилство

Од:

Нуждата на пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ и по викенд паузата, остана тема во Собранието. Пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ и претседателката на Комисијата за именувања, Марија Георгиевска се убедуваа меѓусебно дали со недавањето на пауза по 10 часа говор, било вршено насилство врз опозициските пратеници. Петкоска и порача на Георгиевска: „Очекувам да се преиспитате“.

„Можеби не се однесувавте насилнички со примена на физичка сила, фала Богу, но не овозможувањето пауза по 10 часа говор е сепак насилство, а притоа ја загрозивте и безбедноста и здравјето на пратениците“, обвини пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи Стаменковска-Трајковска не можела да оди во тоалет, затоа што претседателката на комисијата се заканила дека нема да може да продолжи со маратонскиот говор.

Пратеничката Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ читаше прекршени одредби од Деловник, но и Етички кодекс.

„Пратениците од опозицијата, кои за разлика од своите колеги од власта, говорат, се подготвуваат, присуствуваат на седниците на комисијата, 10 часа немавме можност за храна, вода, имавме отсуство на медицински персонал, отсуство на обезбедување, неможност за физиолошки потреби“, додаде таа.

На крајот, во процедуралното обраќање и порача на претседателката на Комисијата за избори и именувања: „Крајниот заклучок ми е, сето ова, за што? За Љубомир Јовески да стане уставен судија? Е па нема да стане“.

Пратеничката од СДСМ и претседателка на Комисијата, Марија Георгиевска, смета дека перцепцијата на Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ е погрешна.

„Вие кажавте тоа што мислите дека е прекршено. Во ред. Бидејќи се обидувате да наметнете ваше мислење дека не ја извршувам својата работа задача како претседателка на оваа комисија, обвинувајќи дека прекршувам Деловник, сакам да ви кажам дека во целиот период на работа на оваа комисија, додека јас ја водам, никогаш не сум ве прекинала. Зборувате за процедурални забелешки, читавте етички кодекс, претходно, исто наша колешка читаше Деловник“, кажа Георгиевска.

Таа додаде дека ако се придржувала строго кон Деловникот, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ која имаше куп замерки, ќе требала да зборува само три минути, а не подолго.

„Ако јас се придржував строго кон ова што го пишува овде требаше да ве прекинувам, секого, било кој да се пријави, бидејќи треба да трае три минути. Сум почитувала да ве ислушам. Тоа е моја констритивност. Никогаш не сум навредила некого, ниту сум употребила навреда, за разлика од пратеници од опозицијата кои што користат во континуитет навреди. Ве молам околу тоа треба да се корегирате вие, а не да барате корекција од мене“, додаде Георгиевска.

Во петокот, Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, 10 часа без прекин зборуваше на Комисијата, опструирајќи го изборот на Љубомир Јовески за уставен судија. Седницата траеше до доцна во ноќта, со прекини. На седницата имаше и реакциjа од опозицијата: “Можеби треба јавно да извршиме нужда врз вашите предлози за уставни судии кога веќе не ни давате пауза среде говор?!”.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики