Во Собрание ќе се расправа за „Стратегијата за родова еднаквост“

Од:

Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година“.

Поздравно обраќање ќе имаат претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова, како и претставници на Министерството за труд и социјална политика и на Канцеларијата на UN Women во Скопје.

На јавната расправа поканети се пратеници, министeрката за труд и социјална политика Мила Царовска, координаторките за еднакви можности на министерствата, членови на Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалници, претставници на локалните комисии за еднакви можности, на меѓународните организации, експерти, на Институтот за родови студии, UN Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on