Во Скопје за 24 часа 12 сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Двајца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 13 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 24 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он