Во Скопје викендов 26 сообраќајки, повредени 13 лица

Од:

Тринаесет лица се повредени во 12 од вкупно евидентирани 26 сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во четиринаесет е регистрирана само материјална штета.

Од 13 регистрирани сообраќајки во петокот, во седум со полесни повреди се здобиле осум лица. Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на шест сообраќајни незгоди, од кои во една полесно е повредено едно лица. Вчера, пак, се регистрирани седум незгоди, а во четири од нив со полесни повреди се здобиле четири лица.
Во изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирани пет возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 22 возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица поминале на црвено светло на семафор, а 16 не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон.

Санкционирани се и 65 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и 10 возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 121 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Со почеток во 10 часот стечајните и технолошки вишок работници ќе одржат мирен протест пред зградата на Основниот суд Скопје на бул. „Гоце Делчев“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан