Во Скопје викендот 39 сообраќајки, повредени 26 лица

Од:

Четири лица се тешко повредени, a 22 лица се здобиле со полесни повреди во 22 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки во изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 сообраќајки е причинета материјална штета.

Како што информира денеска СВР Скопје, во петокот се случиле 14 сообраќајки, од кои во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во шест полесно се повредени шест лица, а пет незгоди се со материјална штета.

Во саботата, исто така имало 14 сообраќајни незгоди, во две со тешки телесни повреди се здобиле две лица, во шест полесно се повредени 12 лица, а во седум е причинета материјална штета.

Вчера, пак, биле регистрирани 10 сообраќајки. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во четири со полесни повреди се здобиле четири лица, а во пет е причинета материјална штета.

Од сообраќајната полиција во текот на изминатите три дена издадени се 43 прекршочни платни налози и 158 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 93 непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он