Во Скопје вчера во 16 сообраќајки, 14 лица повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Тринаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила, пет лица со необновена регистрација на возилото и четворица пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.

Во рамки на сообраќајно воспитна манифестација во сабота во ОУ „Војдан Чернодрински“, од 9 до 14 часот ќе се одржи државниот натпревар „Детски семафор“ – „Сообраќајно техничка култура на младите“ во која со велосипеди и мопеди ќе земат учество ученици од основните и средните училишта во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот