Во Скопје вчера осум сообраќајки, санкционирани 117 возачи за непрописно паркирање

Од:

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени и шест нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.

Полицијата санкционирала и 117 возачи за не прописно паркирање, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, двајца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 17 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мототроно возило и 16 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари