Во Скопје вчера девет сообраќајки, двајца пијани управувале возило

Од:

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на МВР, евидентирани се 62 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник.

Од сообраќај биле исклучени и девет нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.

Во текот на изминатото деноноќие полицијата издала 94 санкции за непрописно паркирање.

Санкционирани се и четири пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет за не правилно престројување, три за не правилно престигнување и еден за не поседување пропишана зимска опрема во возилата.

Канзети се и седум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година