Во Скопје вчера 17 сообраќајки и 15 повредени

Од:

На подрачјето на Град Скопје вчера се случиле вкупно 17 сообраќајни незгоди, од кои шест се со последици материјална штета, осум се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило 12 лица.

Самостојниот инспектор во СВР – Скопје Драган Вељаноски информира дека се случиле и три незгоди во кои со тешка телесна повреда се здобиле двајца сопатници во патничко моторно возило и еден патник во автобус.

По спроведените контроли од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци меѓу кои 12 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 11 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 14 пешаци сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 30 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ и прво одделение во О.У„ Наум Наумовски Борче“ општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски