Во Скопје вчера 10 сообраќајки, тешко повредени две лица

Од:

Осум лица се повредени од кои две се со тешки повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во останатите пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и седум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас, односно користеле мобилен телефон. Затекнати се и 37 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 55 возила.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он