Во Скопје вчера 10 сообраќајки, казнети 35 пешаци, пајакот отстранил 48 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца возачи на мотоцикли.

Ce случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 15 часот и 15 минути на улица „Трета македонска бригада“ во која учествувале две патнички моторни возила и пешак. По случената незгода со возило на Брза помош пешакот е пренесен во Ургентен центар заради укажување лекарска помош каде се констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната помош тој е задржан на понатамошно лекување.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, девет возачи го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 11 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи. Санкционирани се и 35 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Од нив на 27 лица покрај поканата за глоба, издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 48 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

457 загинати во сообраќајни несреќи во три години

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден