Во Скопје утре и задутре прскање против комарци

Од:

Во Скопје утре и задутре ќе биде извршено прскање против комарци од воздух и од земја.

Град Скопје информира дека авионското прскање е планирано за недела и понеделник од 5:30 до 8:00 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај во периодот од 23:00 до 4:00 часот.

Доколку временските услови ја оневозможат аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош