Во Скопје синоќа откриени 232 возачи под дејство на алкохол

Од:

На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол.

– Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива, велат од МВР.

Претходно, при акциски контроли на подрачјето на Скопје во периодот меѓу 20/21 април биле контролирани 1.234 возачи при што 726 возачи се алкотестирани, а кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Констатирани се и други 252 сообраќајни прекршоци.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски