Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Од:

Денес во паркот во Чаир беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот „Цветот на Сребреница”.

По Комеморативната седница за одбележување на геноцидот во Сребреница која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија во присуство на високи државни претставници, денес во паркот во Чаир во присуство на голем број граѓани беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот “Цветот на Сребреница”.

На комеморацијата беа присутни градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, пратеникот проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ, заменик директорот на АОПЗ и претседател на СДА, Џелал Хоџиќ, професори, претставници на невладините организации и др.

Во говорите на градоначалникот Ганиу, пратеникот Рамчиловиќ и директорот Хоџиќ беа упатени пораки со кои се изрази почит за невино убиените и сочувство до семејствата на убиените. Особено беа значајни пораките на осуда на геноцидот и одговорноста која што ја имаме да не дозволиме никогаш да се повторат злосторства и насилството, туку дека си дијалогот и компромисот единствено се носат исправни и одржливи решенија без човечки и материјални загуби.

Присутните се обврзаа дека наредната година ќе се направи побогата програма за одбележување на Денот на геноцидот во Сребреница. Во почадневите часови традиционално ќе се одржи и !Маршот на мирот”.

Би можело да ве интересира

Влада: Геноцидот од Сребреница да остане траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

Горан Наумовски

Шешељ: Во Сребреница се случи воен злостор, но тоа не беше геноцид

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртви во Сребреница: Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Горан Наумовски

Израелски историчар: Во Сребреница не е извршен геноцид

А1он