Во Скопје санкционирани над 200 возачи за брзо возење, алкохол, неправилно престигнување

Од:

При акциска контрола на полицијата спроведена ноќеска во Скопје кај 17 возачи е утврдено е присуство на алкохол во крвта, а тројца одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.

При контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.

Во вчерашните контроли на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, меѓу останатото, се издаени прекршочни патни налози на осум возачи за престигнување на недозволено место, а откриени се и 32 други прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози. Откриени се и 61прекршок кои се соодветно санкционирани.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски