Во Скопје по петти пат ќе се прска против комарци

Од:

Од утре до 17 септември на подрачјето на Скопје по петти пат ќе се прска против комарци, соопштија денеска од Градот Скопје.

Утре во периодот од 5:30 до 8:00 часот ќе се реализира авионскатата дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Aеросолната дезинсекција (терестрична) на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 13 до 17 септември (од сабота до среда), во период од 23 до 04  часот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, се вели во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош