Во Скопје откриена мини лабораторија за фалсификување пари

Од:

СВР Куманово во содејство со СВР Скопје откри група на лица кои во Скопје направиле мини лабораторија опремена со опрема за скенирање, компјутерска обработка и изготвување лажни пари, во која во почетокот на 2013 година изготвиле поголема количина на фалсификувани пари во апоени од по 500 денари со ист сериски број.

Како што денеска соопшти МВР, опремата е одземена, по што до Основното Јавно обвинителство -Куманово заедно со кривична пријава ќе бидат спроведени Н.С.(24), М.М.(24) и И.А.(39) од Скопје, Д.Т.(28) од Куманово и Г.С.(28) од Крива Паланка поради основано сомнение дека сториле шест кривични дела „фалсификување пари“.

Пријавените Н.С, М.М и И.А, со намера за себе да прибават противправна имотна корист во лабораторијата печателе фалификувани банкноти, при што повеќе банкноти Н.С. заедно со Д.Т и Г.С ги пуштиле во оптек како вистински на повеќе локации на подрачјето на Куманово и Крива Паланка. Во соопштението се посочува дека постои сознание дека истите се сторители и на други вакви дела сторени и во други градови низ Македонија и во тек се мерки за нивна проверка, расветлување и документирање по што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.

Инаку, пријавените Н.С, Д.Т. и Г.С. се познати стортители на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа тешки кражби и кражби за што им се поднесувани кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски