Во Скопје Молебен за помен на сите загинати руски војници

Од:

Молебен за помен на сите загинати руски војници денеска на пладне ќе се одржи во параклисот „Свети Ѓорѓи Победоносец“ што се наоѓа во општина Аеродром, спроти СЦ „Јане Сандански“.

На настанот ќе присуствуваат рускиот амбасадор Олег Шчербак и почесниот руски конзул во Битола Сергеј Самсоненко, кој со неговото семејство е ктитор на црквата „Света Троица“.

По овој настан, на платото пред хотел Русија ќе се одржи манифестацијата „Бесмртен полк“, што се одржува секоја година како дел од одбележувањето на Денот на победата над фашизмот. На платото ќе биде поставен и „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат отсликани портрети на учесниците во антифашистичката борба.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски