Во Скопје, Крушево и Пелинце посебен сообраќаен режим

Од:

Посебен сообраќаен режим најави Министерството за внатрешни работи по повод денешното одбележување на националниот празник Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце. За време на манифестацијата „Илинден 2014“ по повод националниот празник, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во Крушево, а посебен режим ќе има и кон локалитетот Мечкин Камен.

На територија на СВР Скопје денеска времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ од 9:30 до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“, крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“, крстосницата на улицата „Васил Главинов“ со „Максим Горки“ и крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“.

На територија на СВР Куманово ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до село Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози