Во Скопје калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот на неколку крстосници

Од:

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот од денеска до 18-ти овој месец ќе се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот на неколку крстосници во градот.

Поради тоа, како што информираат од Град Скопје, на крстосниците може да се појави застој во одвивањето на сообраќајот, како и нарушување на координацијата на семафорите, односно на зелените бранови.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот и да ги почитуваат светлосните сигнали на градските улици.

Активностите за калибрацијата на адаптивната контрола на сообраќајот ќе ги врши италијанската фирма МИЗАР, која е изведувач на системот за управување на сообраќајот од проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје.

Калибрацијата е процес којшто бара во одредени периоди од денот на крстосниците да биде активиран адаптивниот начин на контрола на сообраќајот во зависност од сообраќајното оптоварување на крстосниците со цел да се увидат проблемите и да се калибрираат параметрите за адаптивна контрола за најдобро да се опслужуваат сообраќајните текови, велат од Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош