Во Скопје девет сообраќајки, во една потешко повреден возач

Од:

Еден возач се здобил со тешки телесни повреди во една сообраќајна незгода од вкупно деветте сообраќајки кои се случиле на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите 24 часа.

Во пет сообраќајни незгоди имало лица со телесни повреди во кои полесно биле повредени седум лица, а во три сообраќајки причинета е материјална штета.

Од страна на полицијата превемени се мерки против осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои поминале на црвено светло, девет возачи кои возеле со неважечка сообраќајната или без возачка дозвола. Казнети се и 59 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 непрописно паркирани возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ПОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина „Кисела Вода“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ