Во Скопје 16 сообраќајки

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди.

Од нив, 12 се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 21 возач кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 13 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Преземени се мерки и према пешаците при што санкционирани се 38 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци. Од нив, на 28 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ кое се наоѓа во населеното место Кучевиште, со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска со почеток во 11 часот и 45 минути во организација на Ромската заедница ќе се одржи „Марш на гордоста и достоинството“. Со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки на сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило

Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци