Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила и шест сопатници.
Случени се уште три незгоди со тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден пешак, еден сопатник и еден возач на мопед.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 возачи кои брзо возеле. Од нив, 13 возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и шест возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Исто така, преземени се мерки и спрема возачите на велосипеди со помошен мотор, мопед и мотоцикли при што санкционирани се девет возачи. Од нив на осум возачи од оваа категорија покрај поканата за наплата на глоба, издадена е и покана за присуство на сообраќајна поука.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објект „Изворче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.