Во Скопје 13 сообраќајки, 44 возила отстранил пајакот

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и двајца велосипедисти.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди, во 7 часот и 50 минути на ул. „Христо Татарчев“. Во незгодата учествувало моторно возило со непознати регистарски таблички и пешак, граѓанин на Скопје, роден 46 година. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, седум возачи кои не го користеле безбедносниот појас, 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата и двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Во поглед на исправноста на уредите и опремата на возилата откриени се 14 неисправни возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 44 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше