Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Од:

Штип, 31 август 2025 (МИА) – Со панахида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село и полагање на цвеќе пред споменикот денеска беше одбележана 101 годишнината од убиството на Тодор Александров. Според претседателот на патриотскиот институт при ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов Александров е еден од главните столбови за формирање на современата македонска држава.

-За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор Александров е еден од славните македонски синови на кои им должиме тоа што ние сега ја имаме Република Македонија како држава, изјави Пандов.

Поновата македонска историографија од 90-тите години на минатиот и почетокот на овој век, го рехабилитираше ликот и делото на штипскиот војвода. Денеска се одбележуваат и 30 години од одбележувањето на смртта на Тодор Александров во Ново Село во Штип.

– На секој еден му е јасно дека тој е Македонец, роден во Штип, во Ново Село, работел и дејствувал како Македонец, работел за македонската кауза, идејата за автономна и суверена Македонија била негова мисла водилка, додаде Пандов.

Панахидата за Алаксандров годинава се одржа по 30-ти јубилеен пат, а од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, пратеникот во македонското Собрание, Душко Иванов, делегации од патриотски здруженија во земјава беа положени букети цвеќе на споменикот на Тодор Александров, кој минатата година се откри во Ново Село, спроти музејот на ВМРО.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари