Штипскиот Музеј втора година по ред реализира обуки како на традиционален, но и на природен начин да се бојадисуваат велигденските јајца. Етнологот Славчо Горгиев вели дека во проектот, односно обуката ја спроведуваат пензионерки, а ги учат учениците од основните училишта.
– Со оглед на тоа дека во поново време се користат вештачки бои, кои во одредени ситуации можат да бидат и штетни Музејот во Штип, како проект на Министерството за култура веќе втора година организира проект, обука на децата за традиционалното вапцање на јајца, вели Горгиев.
Возрасните домаќинки ги учеа учениците од основното училиште „Ванчо Прќе“ дека велигденските јајца можат да се бојадисуваат и со цвекло, моркови, зелка и кромид, како што тоа го правеле нивните мајки и баби.