Во штипскиот дел на Серта активни две жаришта

Од:

Не стивнуваат пожарите на планината Серта во штипскиот регион. Денеска активни се жариштата над штипското село Пухче и во околината на приватното ловиште.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочува дека на терен од рано утринава на овие две жаришта интервенираат пожарникарите од Штип, но и од неколку соседни општини, Армијата, полицијата и ЈП „Македонски шуми“. Вклучени се и ловџиите, како и здруженијата и оф роуд друштвата, а месното население како логистичка поддршка.

Во текот на вчерашниот ден со помош на градежна механизација на штипските јавни претпријатија и на четири градежни компанија, над селата направени се пресеци, со цел огнот да не се префрли во нивни правец.

Професионалците со заштитни униформи и опрема за гаснење, која тежи и 30 килограми на повеќе од 40 степени од земја се справуваат со огнените стихии. Во штипскиот дел на планината Серта со денови беснеат пожари, оставајќи зад себе пустош.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип