Во Штип се чествува Денот на народното востание

Од:

Во Штип денеска се чествува Денот на народното востание – 11 Октомври. На споменикот на револуцијата на тврдината „Исар“ цвеќе положија делегации на Општина Штип, Советот на Општина Штип, пратениците во Собранието на Република Македонија, делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борците на Македонија (СБМ), државни институции и политички партии.

Во салата на Совет на Општина Штип се одржа и свечена седница во организација на ОО на СБМ каде се обрати и Билјана Казанџиска, претставник од Општина Штип.

– 11 Октомври 1941 година е датум кој засекогаш ќе биде врежан во историските записи и ќе остане сведоштво за одлуката да се спротиставиме на секој окупатор кој непоканет ќе дојде овде и ќе ни ја запоседне нашата територија. Истрелот кој одекна на 11 Октомври беше историски истрел. Тој ги следеше и во себе ги обедини сите истрели на македонскиот народ во борбата за својата државност, рече Казанџиска.

Таа додаде дека Општина Штип и во иднина ќе ги чествува датумите како 11 Октомври, 2 Август, 8 Септември и многу други важни датуми од историјата за градот и државата, кои не потсетуваат на историските чекори на нашите предци.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври