Во Штип обука на членовите на ОИК за Локалните избори 2017

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со обуки на oпштинските изборни комсии во источниот регион. Сашо Срцев, член на ДИК, изјави дека членовите и замениците на општинските изборни комисии ги запознаваат со новините при спроведувањето на Локалните избори 2017.

– Новина е што ДИК направи прирачник, којшто беше усвоен на седница и во којшто ги утврдивме основните работи на кои што општинските изборни комисии треба да внимаваат, рече Срцев.

Тој истакна дека во источниот регион проблеми со општинските изборни комисии немаат при спроведувањето на избори без разлика дали се Парламентарни, Претседателски или Локални избори, а за што говори и минималниот број приговори што ги добиваат од политичките партии или од подносителите на независните листи.

– Не се сомневам дека оваа едукација ќе помине како што треба. Локалните избори имаат малку повеќе работа за општинските изборни комисии. Денеска ќе работиме по основ на примање на листите, а последен ден за примање е 14 септември и начинот, чекор по чекор, што треба да проверат и постапат при примањето на листите. Тоа е основниот дел, а вториот дел е за новините на денот на изборите, вели Срцев.

Тој истакна дека комуникацијата меѓу ДИК и општинските изборни комисии е одлична, а веќе извршен и избор на нови членови и заменици на избирачките одбори, бидејќи на претходните им помина четиригодишниот мандат.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември