Во Росоман откажана манифестацијата Праскобер 2020

Од:

Традиционалната тридневна манифестација „Духовден фест-Праскобер 2020”, годинава нема да се одржи поради коронавирусот. Ваква одлука донесе Советот на Општина Росоман. Манифестацијата требаше да се одржи на 5, 6 и 7 јуни.

-Оваа одлука е согласно препораките на релевантните државни институции и одлуката на Советот, се со цел да се намали ризикот од масовни собирања и евентуални нови зарази во државата, стои во известувањето од градоначалникот Бранко Јанев.

Маријонка Печевска, претседател на Советот, нагласи дека на сите им препорачуваат оваа година да го прослават празникот во своите домови.

Росоман рурална општина со околу 4.200 жители, е најголем производител на праски во државата. Верскиот празник Духовден е слава на ова населено место. Во оваа општина засега нема ниту еден потврден заболен од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата

А1он

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

А1он

Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Ана Ололовска

Полицаец и полицајка повредени во сообраќајка во Росоман

А1он