Во Радовиш тројца кандидати за градоначалник и четири советнички листи

Од:

Во Општина Радовиш за Локалните избори, кои ќе се спроведат на 24 март, има тројца кандидати за градоначалник и чеитири советнички листи.

Претседателот на Општинската изборна комисија -Радовиш, Јосип Ангелов информира дека до 24 часот кандидатури за градоначалник за Општина Радовиш поднеле Сашко Николов од ВМРО ДПМНЕ, Маре Караманова од Социјалдемократската партија (СДПМ) и Ѓеорги Каракашов од Социјалдемократската унија (СДУ).

– Поднесени се и четири советнички листи, Турската демократска партија на Македонија Енис Омеров, потоа има листа од ДОМ носител е Горанчо Кузовски, независна советничка листа, чиј носител е Месуд Копчалков и од ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери, а носител е Здравко Трајанов, вели Ангелов.

Тој истакна дека по проверката на кандидатите за градоначалници и на советничките листи од страна на Комисијата за верификација на фактите веќе во текот на утрешниот ден ќе ги потврдат и кандидатурите на партиите и на советничките листи за спроведување на Локалните избори.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар