Во Радовиш откриена табла со збратимените градови

Од:

Пред седиштето на Општината откриена е табла со градовите со кои е збратимен Радовиш.

Според градоначалникот Герасим Конзулов, со поставувањето на таблата градот и општината ја покажуваат отвореноста за пријателство и соработка.

– Во последните неколку години кругот на нашите пријатели од повеќе земји во Европа постојано се зголемува. Јас се надевам дека и во иднина ќе продолжиме така, рече градоначалникот Герасим Конзулов на обраќањето по повод откривањето на таблата со збратимени градови.

Радовиш е збратимен со градови од Италија, Русија, Романија, Украина, Хрватска, Турција, Бугарија и Србија.

Инаку, на свеченоста присуствуваа градоначалници и претставници на збратимените градови.

Би можело да ве интересира

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш