Во првите три месеци реализирани сите владини мерки од Планот 3-6-9

Од:

Во првите три месеци се реализирани сите мерки, кои се во надлежност на Владата, односно 58 активности од Планот 3-6-9, информираше денеска Министерската работна група за следење на спроведување на овие мерки.

Со состанокот на Министерската група, претседаваше премиерот Зоран Заев, а на него беа разледани активностите за реформите во повеќе области од надлежност на Владата, на одделните министерства и на други владини агенции и институции, поврзани со процесот за евроатлантската интеграција на Македонија.

Работната група беше информирана дека во тек е реализацијата на уште 15 мерки, од кои најголемиот дел не се во надлежност на Владата.

Имплементацијата на овие мерки ќе продолжи во наредниот период, и со тоа мерките предвидени во првите три месеци, ќе бидат целосно остварени.

На денешната седница на Министерската работна група за следење на спроведувањето на Планот 3-6-9, беше констатирано дека и покрај предизборната кампања, фокусот на Владата е насочен кон имплементацијата на мерките и дека нема никаков застој во процесот на спроведување на итните реформски приоритети.

Во согласност со препораките на Европската комисија, соодветно и на итните реформски приоритети што произлегоа од двата извештаи на експертите на ЕК, предводени од групата експерти на чело со Рајнхард Прибе, во следните три месеци од Планот 3-6-9 најголем акцент ќе се стави на реформите во правосудството, разузнавачките и безбедносните служби, јавната администрација и реформите во областа на медиумите и граѓанското општество.

Ресорните министри задолжени за реализација на мерките предвидени во областите за наредните три месеци на денешната работна сесија на Министерската група се осврнаа на предлог-мерките за следните три месеци од Планот 3-6-9. Тие донесоа одлука за одржување консултативни средби со претставници на граѓанскиот сектор, опозицијата и други релевантни државни институции, од кои се очекува придонес за мерките во правосудството, разузнавачките и безбедносните служби, јавната администрација и реформите во областа на медиумите и граѓанското општество во одредницата од шест месеци во Планот 3-6-9.

Денешната седница на Министерската работна група за следење на спроведувањето на Планот 3-6-9 е дел од мониторинг механизмот што го воспостави Владата, преку кој редовно, на неделна основа, се следи имплементацијата на планот, за што соодветно се информираат Собранието, ЕК и земјите членки на ЕУ, како и експертската и пошироката јавноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните