Во Пробиштип завршува реконструкцијата на една од најфреквентните улици

Од:

Заврши реконструкција на улицата „Тодор Александров“ во населбата „Карпош“, која е една од најфреквентните  во градот Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска информираше дека поради честите дефекти за застарената водоводна мрежа оваа улица  беше оштетена, поради што и како локална власт морале да ја реконструираат.

– Со оваа реконструкција опфатено е комплетно поставување нова водоводна мрежа, улично осветлување, тротоари, како и поставување  нов асфалт. Целиот овој проект чини околу седум милиони денари, а наредната недела градежната фирма ќе го постави и новиот асфалтен слој, вели Тоневски.

Во близина на улицата „Тодор Александров“ заврши и изградбата на детското игралиште со мини парк. Тоневски соопшти дека според планот и програмата на општината планираните улици за реконструкција во најголем дел се реализирани, а наредната недела очекува да почне и реконструкцијата на улицата „11 Октомври“.

-Тоа е еден проект кој што е добиен како донација од европските фондови од ИПА компонентата, а кој ќе се реализира во координација на Светска банка во Репблика Македонија. Веднаш по нивното одобрување ќе склучиме договор со изведувачот, каде што тендерската постапка е целосно завршена, рече Тоневски.

Со реконструкцијата на оваа улица завршуваат и планираните инвестиции во инфраструктурните објекти во Општина Пробиштип, која веќе прави нова програма за работа за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал