Во Пробиштип се реализира проектот „Биоотпад“

Од:

По повод Денот на планетата Земја, градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов и претставници на универзитетот „Гоце Делчев“ на денешната прес-конференција презентираа до каде се активностите од меѓународниот проект „Биоотпад“, кој се реализира со европски пари, а во него се вклучени и неколку европски земји.

Пробиштипскиот градоначалник Анастасов вели дека граѓаните на општина Пробиштип ќе бидат првите во земјава кои ќе ги плаќаат сметките колку што фрлиле отпад.

– Предвидено е да има три компостари на територија на општина Пробиштип, имаме неколку целни групи да опфатиме, едната целна група е угостителските објекти, отпадокот од храната го фрлаат во овие компостари, но и две населби на територија на општина Пробиштип, вели Анастасов.

Жителите на пробиштипската населба Калниште имаат интерес за да се спроведе овој проект.

– Нормално кога се работи на проект со кој што ќе има олеснување во делот на фиансиските средства, односно им се намалуваат трошоците на секој еден граѓанин, семејство нормално дека кај нив интересот е голем, вели Анастасов.

Тој истакна дека целта преку проектот е општината преку практично и научно истражување да покаже ефикасност во воспоставување на новиот систем за собирање на отпад, а кој што и сите општини во земјава согласно европските стандарди и треба да го применуваат. Анастасов вели дека до крајот на годината ќе бидат поставено компостарите. Проектот изнесува околу 270.000 евра, а средствата се обезбедени преку ИПА Програмата од Фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он