Во Пробиштип се гради пешачка и велосипедска патека

Од:

Во Пробиштип интензивно се гради новата велосипедска и пешачка патека, која ќе ја спои индустриската зона со градот Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска изјави дека проектот се реализира заедно со Агенцијата за државни патишта, која го проширува коловозот од шест на седум метри на влезот и на излезот на Пробиштип кон Штип и Кочани.

– Ние како општина презедовме обврска да поставиме рабници по целата должина од 1.300 метри и паралелно со рабниците да направиме една пешачка и велосипедска патека во должина исто така од 1.300 метри со ширина од два метри. На целата оваа должина веќе се работи во најголем дел се поставени дел од ивичњаците и се подготвува кога ќе дозволат временските услови да се асфалтира овој дел, изјави Тоневски.

Изградбата на пешачката и велосипедската патека чини околу пет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип. Градоначалникот на Пробиштип, Тоневски појаснува дека ова е првата фаза од овој проект, а втората фаза е поставување на завршен асфалтен слој од страна на Агенцијата за државни патишта, а општината треба да постави улично осветлување по целата должина на патеката, со цел да се подобри и безбедноста на учесниците во сообраќајот кои влегуваат и излегуваат од градот Пробиштип.

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра