Во Пробиштип стартува проектот „Градоначалникот во моето маало“, со кој според градоначалникот Анастасов, е предвидена посета на сите населби и села. Посетите ќе ги прави со својот тим, најмалку еднаш на три месеци.
– Со овој проект ќе го олесниме начинот на комуникација на граѓаните на Општина Пробиштип со градоначалникот и општинските службеници и ќе мотивираме поголема заинтересираност за детектирање и презентирање на локалните проблеми, во директен контакт со надлежните, вели Анастасов.
Тој истакнува дека е и воспоставен приемен ден во сабота, кој трае до приемот и на последниот заинтересиран граѓанин, а досега се оставрени над 700 средби со граѓаните.
– Што докажа дека граѓаните на Општина Пробиштип имаат наталожени проблеми, кои не се решавани со години, рече Анастасов.
Во текот на овој месец Анастасов ќе има и приемен ден во Злетово, предвидено е секоја последна сабота во месецот да ги посетува жителите на Злетово.